Жестоко премиерлигашко дерби: Челзи водеше со 2:0, Арсенал извади реми (ВИДЕО)

238

Во големото дерби на деветтото коло во англиската Премиер лига, Челзи го пречека тимот на Арсенал и не успеа да ги освои сите три бода, иако имаше водство од 2:0. „Топчиите“ во второто полувреме се вратиај во игра и резултатски и на крајот се спасија од пораз играјќи нерешено, 2:2.

Со гол од пенал преку младиот Кол Палмер, Челзи поведе со 1:0, резултат со кој се замина на пауза.

Само што започна вториот дел, Челзи ја удвои предноста. Гостите ја загубија топката на својата половина, по што следеше брза акција на „сините“ по левата страна. На крајот Мудрик испрати центаршут со кој го лобуваше голманот Раја и донесе водство за домашните од 2:0.

Иако се чинеше дека Челзи ќе успее да го задржи водството, во 77. минута по една неверојатна грешка на голманот на „сините“, Роберто Санчез, Деклан Рајс намали на 2:1, додека само седум минути подоцна Тросард постигна гол за 2:2.

ПретходноЕХФ Евро Куп: Тиквеш убедливо поразен на гостувањето кај Кремс
СледноСевиља поведе, Реал на крај задоволен и со бод (ВИДЕО)