Зарко со победа на ГП Австралија по фантастично извозените последни километри

161

Јоан Зарко стигна до својата прва победа во Мото ГП шампионатот откако утринава триумфираше на натпреварот за Големата награда на Австралија која се одржа денес поради најавени силни ветрови за во недела.

Францускиот возач на Прамак Дукати стигна до првото место на „Филип Ајленд“ со фантастично извозени последни километри во кои тој беше најбрзиот на патеката. Само во последните четири кругови тој направи три претекнувања вклучително и тимскиот колега Хорхе Мартин на последната кривина.

Мартин беше прв по првите 26 круга, но ризикуваше да вози со мека задна гума па на крајот загуби доста. Тој тргна од пол позицијата но освен од Зарко загуби позиции уште од Банаја, Ди Џанантонио и Биндер и заврши на петтото место.

Второто место го освои Банаја, а тројката ја пополни Ди Џанантонио кој првпат е на подиумот во кралската класа. Четврти заврши Биндер. Шести се пласира Марко Безеки, а во топ 10 влегоа уште локалниот миленик Џек Милер, потоа Еспаргаро, Алекс Маркез и Бастианини.

ПретходноНавивачите на Осасуна со поддршка за Палестина, израелски фудбалер одби да дојде на мечот
СледноЖестоко обвинување: Постои тајна соба која ја „контролира“ ВАР собата во Шпанија!