Откако се знае дека дел од натпреварите за СП 2030 година ќе се одиграат и во Мароко, тамошните власти одлучија и тоа како да ја подобрат инфраструктурата. Па така тие веќе одлучија да го изградат најголемиот стадион во Африка и вториот најголем во светот, и тоа се за потребите на Мундијалот.
Капацитетот ќе биде од 113.000 места, а ќе чини 500 милиони евра. Во 2025 година ќе започне изградбата, а ќе заврши во 2028 година. Стадионот ќе биде во близина на Казабланка.
Дали со ова ФИФА ќе се премисли и финалетона СП ќе се игра на овој стадион или пак како што е предвидено на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.