Големо изненадување во Неготино, домашниот тим на Вардар со 24:22 успеа да го победи фаворизираниот тим на Пролет и со тоа да дојде до првата победа сезонава во ракометната Суперлига во групата – Б.
Митевски, Адамовиќ и Пеовски постигнаа по пет голови кај победничкиот состав, додека Палевски кај Пролет беше стрелец на 12 голови.
Во езерското дерби, Охрид како домаќин славеше против Струга со 30:20. Со овие бодови, тимот на Охрид сега е трет во групата -А, веднаш зад Алкалоид и Тиквеш.
Во текот на целиот меч домашниот тим беше подобар и на крај сосема заслужено победи.