Леклер на пол позицијата во Остин по грешката на Верстапен

231

Шарл Леклер ќе ја почне неделната Гран При трка на САД од првата позиција иако не беше најбрз во квалификациите во Тексас. Најдобро време имаше светскиот шампион Макс Верстапен, кој поради грешка (напуштање на патеката во последниот круг) го загуби местото. Па така Леклер го освои првото место со време од 1:34.723. Времето на Верстапен беше со 0,005 секунди подобро.
Втор на неделната трка ќе стартува Ландо Норис кој беше 0,130 секунди побавен од Леклер, а третото место ќе го пополни Луис Хамилтон, кој имаше 0,139 секунди послабо време. Четврти и петти ќе стартуваат Сајнц и Расел. Верстапен ќе стартува од шестата позиција.

ПретходноЖестоко обвинување: Постои тајна соба која ја „контролира“ ВАР собата во Шпанија!
СледноВМФЛ: “Пиратите“ ја пречекуваат Беса, Пелистер на гости кај Арсими, Кожув на мегдан со Победа