Махачев ја извојува победата на кариерата: Волкановски нокаутиран во прва рунда (ВИДЕО)

3795

Ислам Махачев ја забележа најважната победа во кариерата! Наследникот на Хабиб Нурмагомедов го нокаутира шампионот во бантам категорија, Александар Волкановски, со нокаут во првата рунда.

Махачев почна да го притиска противникот веднаш по првиот знак за старт на борбата. Двајцата борци се обидуваа да ја најдат вистинската дистанца со директни удари. По завршувањето на првата минута, Махачев се обиде да ја однесе борбата на земја, но шампионот во пониската категорија се бранеше, па дури и го притисна Ислам до кафезот.

Махачев потоа нападна со тежок удар со предната нога во главата на Волкановски. Ударот беше премногу моќен и доведе до крај на борбата.

ПретходноРис со 31 поен го предводеше Феникс 2010 до втората победа сезонава
СледноАтаман е тренерот со најмногу исклучувања во Евролига