Младост УДГ освои сет против шампионот, доминација на Струмица, Наковски В. и Јанта В.

357

Одбојкарките на новајлијата во женската  одбојкарска елитна конкуренција, Младост УДГ од Штип, успеаја да му одземат еден сет на шампионот Работнички, во еден од најинтересните денешни дуели во воведното коло од новиот шампионат кај дамите. Пред своја публика, одбојкарките на Младост УДГ одиграа два добри сета, од кои едниот го освоија на разлика со 27:25 и покажаа дека ќе бидат цврст орев за секој тим во новата сезона.

Лесни и убедливи победи остварија Наковски В. и Јанта Волеј. На гостувањата кај екипите на Вардар 2019 и Вардар ЕМ гостите немаа проблем и во сите три сета ја демонстрираа својата доминација.

Очекувана стартна победа и за екипата на Струмица, која сериозно се засили ова лето и денеска против екипата на Фит Фан Волеј славеше со максимален резултат.

 ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ 

 1 КОЛО

Вардар 2019 – Наковски Волеј     0:3 (10:25, 11:25, 9:25)

Вардар ЕМ – Јанта Волеј              0:3  (14:25, 15:25, 21:25)

Младост УДГ – Работнички          1:3 (17:25, 27:25, 10:25, 22:25)

Струмица – Фит Фан Волеј          3:0 (25:21, 25:14, 25:19)

ПретходноВерстапен со пол-позиција за спринтот во Остин
СледноРис со 31 поен го предводеше Феникс 2010 до втората победа сезонава