Навивачите на Осасуна со поддршка за Палестина, израелски фудбалер одби да дојде на мечот

554
0

Осасуна на свој терен ја совлада Гранада со 2:0 во меч од 10.коло на шпанската Ла Лига. Фановите на тимот од Памплона пред мечот кренаа голем број на палестински знамиња и така симболички пружија поддршка за оваа држава.
Својата кореографија ја најавија пред почетокот на мечот, а поради неа на натпреварот не сакал да дојде израелскиот напаѓач кој игра за Гранада, Шон Вајсман. Тој не дошол со образложение дека никој не му гарантирал сигурност.
Со оглед на тоа дека е забрането истакнување на палестински знамиња на натпреварите во Шпанија, Осасуна ќе биде казнета.

ПретходноТони Паркер му даде отказ на својот брат кој беше тренер на АСВЕЛ
СледноЗарко со победа на ГП Австралија по фантастично извозените последни километри