Новото бразилско чудо: Месињо има 16 години, ПСЖ понуди за него 50 милиони евра а тој сака само во Барса!

1166

Новото бразилско фудбалско чудо има само 16 години, а гигантите од Европа веќе се “тепаат“ за него. ПСЖ веќе и официјално испратил понуда до Палмирас од неверојатни 50 милиони евра.

Неговото име е Еставао, но попознат е како Месињо со оглед на тоа дека на младиот фудбалер Меси му е идол.
И тој не сака да оди во ниту еден друг клуб освен во Барселона, како неговиот идол Меси. Исто како и Меси, левата нога му е посилна, игра по десната офанзивна страна и често влегува во средината а теренот, исто како и Лео Меси.

Барселона го следи, само прашање е на ден кога тој ќе замине во неговиот омилен клуб, а силно заинтересиран за Месињо бил и Манчестер Сити.

Интересно, Месињо сеуште нема дебитирано за првиот тим на неговиот клуб Палмеирас, клуб кој пред неколку месеци го продаде Ендрик (17 години) на Реал Мадрид за 60 милиони евра.

Навистина тој Палмеирас е вистински расадник на мега – таленти.

Претходно„Бомба“ на Далот за победа на Манчестер Ј. на гостувањето во Шефилд (ВИДЕО)
СледноПоранешен репрезентативец на Англија доаѓа во С.Арабија кај Џерард