Победата против МЗТ Скопје, Пелистер го чини речиси 40.000 денари

127

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ го објави новиот билтен на казни за изминатото трето коло. Во зебелешките на комесарите на мечевите и натаму стојат проблемите со техничките уреди, што пак во едно вакво модерно време навистина е чудно како прволигашки тимови се уште го немаат решено овој проблем, а се декларираат како професионалци.

Најголема парична казна за третото коло ќе плати Пелистер. На дуелот против МЗТ Скопје, фановите не го почитувале фер-навивањето, па токму затоа раководството ќе треба да издвои 32.000 денари. Дополнителни 3.000 денари Пелистер ќе плати за неисправен технички уред и една казна за техничка грешка во висина од 3.200 денари.

ПретходноГвардиола го посочи тренерот кој достојно би го заменил во Манчестер Сити
СледноАеродром по пресврт до победа против Куманово