Лоша вест попладнево од Островот. Денеска на 87 години почина Сер Боби Чарлтон, иконата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал. Чарлот беше дел од онаа трагична несреќа во 1958 година кога половина од експедцицијата на Јунајтед загина во авионската несреќа во Минхен. Потоа беше дел од онаа 1968 година кога Јунајтед за првпат стана европски првак. Беше и дел од Англија на СП во 1966 кога оваа селекција стана светски првак.
Името на Боби секогаш се поврзуваше со Јунајтед и “Олд Трафорд“, секако дека оваа вест најмногу ги растажи фановите на Јунајтед, но и сите во светот на фудбалот зошто тој беше вистински фудбалски џентлмен.