Сава Радиќ: Во Ѓорче одиме по трите бода!

76

Сава Радиќ во изминатиот период колку што е член на Струга ТЛ докажа дека е многу важна алка во тимот на шампионот. Секогаш борбен, секогаш има победнички менталитет, секако дека е еден од најдобрите во тимот на Струга ТЛ.

Токму затоа раководството нашампионот му понуди продолжување на договорот до 2025, а Радиќ без никакви проблеми прифати и заедно со Марјан Радески потпиша нов договор.

Многу брзо и многу лесно се договоривме да останам во Струга ТЛ до 2025. Јас сум среќен што ја продолживме соработката. Нормално е дека во оваа сезона сите ние во Струга ТЛ посакуваме да ја одбраниме титулата“ смета дефанзивецот.

Утре, во меч од 11.коло во ПМФЛ, Струга ТЛ и гостува на екипата на Македонија ЃП:

Важен меч за нас. Сепак треба да се знае дека му гостуваме на традиционално незгоден противник за нас. На последните три меча имаме три ремија, токму Македонија ЃП успеа да не победи во финалето на Купот. Значи имаме многу мотиви, а ние се знае дека во Ѓорче одиме по трите бода“ заврши Сава Радиќ.

ПретходноВМФЛ: Нов кикс на Пелистер, на Автокоманда без голови, Детонит убедлив против Осогово
СледноКварадона блескаше, Наполи и без Елмас и Осимен до убедлив триумф кај Верона! (ВИДЕО)