Салах му донесе победа на Ливерпул на “Мерсисајд“ дербито бр.243! (ВИДЕО)

168

Ливерпул – Евертон 2:0 е епилогот од “Мерсисајд“ дербито бр.243, одиграно попладнево во прекрасна атмосфера на „Енфилд“. Стрелец на двата гола беше Мохамед Салах, прво од пенал во 75.минута, а потоа и во 90+6.минута за конечни 2:0. “Редси“ иако ја имаа иицијативата во текот на целиот меч, имаа и шанси, но “карамелите“ се покажаа како тврд орев, посебно ако се знае дека играа со играч помалку од 37.минута кога Јанг поради втор жолт картон беше пратен во соблекувалната.

Со овие три бода тимот на Јирген Клоп сега има 20 бода по 9.коло и моментално е лидер, но допрва треба да играат Тотенхем, Арсенал и Манчестер Сити.

ПретходноШто се случува со Дијамантот: Елмас не е ни на клупа на Наполи на гостувањето кај Верона!
СледноАлкараз барал богатство за да се појави на турнир!