Севиља поведе, Реал на крај задоволен и со бод (ВИДЕО)

128

Фудбалерите на Севиља и Реал Мадрид ремизираа 1:1 во дербито од 10. коло на Ла Лига. Реал Мадрид веќе во третата минута постигна гол по грешката на голманот Ниланд, но прославата на гостите беше нарушена по сигнализацијата од ВАР-собата, бидејќи Џуд Белингем беше во офсајд непосредно пред голот.

Севиља потоа беше поконкретна играше офанзивно и на стартот од вториот дел малку недостигаше за водство.

Во 74. минута по сите промашени шанси на Севиља, Акуња нафрли од левата страна, Алаба и Ен Несири тргнаа по топката, а Австриецот ја закачи и успеа да го совлада Кепа. Севиља поведе со 1:0, но многу брзо Реал се освести, па со голот на Карвахал дојде до 1:1 по само четири минути игра од голот на домашните.

Веќе во 80. минута Севиља повторно имаше шанса да поведе, Серхио Рамос биеше со глава, а Кепа повторно маестрален не дозволи ново водство за домашните. За одбележување на пет минути до крајот беше и конфликтот инициран од Винисиус, со кого Ен Несири жестоко се судри, но ситуацијата набрзо се смири.

ПретходноЖестоко премиерлигашко дерби: Челзи водеше со 2:0, Арсенал извади реми (ВИДЕО)
СледноЧаир ја нанижа и третата победа, овој пат „падна“ Вардар