Ц. Звезда му врачи отказ на Ивановиќ

411

По лошиот старт на сезоната во Евролигата, црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Ц. Звезда. Како што денеска потврдија од клубот, тој заминува по последниот пораз од Виртус во Болоња во четвртото коло од елитното натпреварување, што воедно беше трет неуспех во низа за црвено-белите од стартот на сезоната во Евролигата.

„КК Црвена Звезда Меридијанбет ја информира јавноста дека Душко Ивановиќ повеќе не е прв тренер на нашиот сениорски тим. На начинот на кој го претставуваше клубот како тренер на првиот тим му посакува многу здравје и успех во наредниот период во неговиот нов професионален предизвик“, се вели во соопштението на клубот.

ПретходноЧаир ја нанижа и третата победа, овој пат „падна“ Вардар
СледноВерстапен со пол-позиција за спринтот во Остин