Кошаркарите на Чаир продолжуваат со одличните настапи вод омашното првенство. Вечерва во мечот од 4. коло на домашен терен славеа над екипата на Вардар со100:76, во меч во кој имаа комплетна доминација од почеток, до самиот крај на мечот.
Одличната втора четвртина на домашните им донесе висока предност на полувреме од 14 поени (51:37), која во вториот дел беше уште повеќе надоградена за на крајот Чаир да ја оствари една од најубедливите победи оваа сезона. Повратникот во елитата се обиде да парира во последната четвртина, но не успеа многу да ублажи од негативата.
Кај Чаир одличен беше Корбет кој средбата ја заврши со 25 поени, а Мофит постигна 19. Кај екипата на Вардар Лукановски со 15 поени беше најефикасен.