„Бомба“ на Далот за победа на Манчестер Ј. на гостувањето во Шефилд (ВИДЕО)

396

Манчестер Јунајтед ја оствари и петтата сезонска победа во Премиер лигата, откако вечерва славеше со 2:1 на гости кај Шефилд Ј. За момците на Ерик Тен Хаг ова е добро продолжение на серијата триумфи, откако во минатото коло славеа и против екипата на Брентфорд.

Вечерва до победата гостите дојдоа благодарение на една фантастична „бомба“ на Диого Далот, кој погоди во 77. минута за да ги врати насмевките на гостинските навивачи. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на МекТоминај во 28. минута, но само шест минути потоа, гостите направија пенал, кој МекБрни успеа да го претвори во израмнување на 1:1.

За Шефилд Ј. ова е осми пораз сезонава. Тимот од „Брамал Лејн“ се уште нема победа оваа сезона и има само еден освоен бод во девет одиграни меча.

ПретходноВесна Пробиштип го доби трилерот со Работнички, шампионот тргна победнички
СледноНовото бразилско чудо: Месињо има 16 години, ПСЖ понуди за него 50 милиони евра а тој сака само во Барса!