По две недели пауза, денеска од 14 часот продолжуваат второлигашките возбудувања со сите осум мечеви од 9.коло. Најинтересно се очекува да биде на Автокоманда, каде Скопје го пречекува лидерот, тимо на Беса. Тежок меч и за двете екипи, сепак Беса е во порелаксирана ситуација, без разлика како ќе заврши овој меч, таа и натаму останува лидер.
Пелистер никако да фати добар ритам.Иако е втор, планот генерално се остварува но само благодарение на падот во формата на Кожув и Детонит. Овој Пелистер може и мора повеќе. Битолчани денеска гостуваат кај Арсими. Во Гевгелија домашниот Кожув на мегдан со Победа, ќе биде интересно и неизвесно. Исто како и во Новаци каде домашниот тим го дочекува забравтаниот Охрид. Додека Детонит не би требало да има проблем против Осогово. Тетекс му гостува на Вардар во Неготино, “штофарите“ се во очекување на нови бодови, а Саса ја дочекува Беласица.
ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Новаци – Охрид
Саса – Беласица
Детонит –Осогово
Кожув – Победа
Караорман – Башкими
Вардар (Н) – Тетекс
Скопје – Беса
Арсими – Пелистер
ТАБЕЛА
Беса 21, Пелистер 17, Детонит 16, Охрид 16, Кожув 15, Тетекс 13, Башкими 13, Беласица 12, Победа 11, Новаци 10, Арсими 9, Скопје 8, Осогово 7, Вардар (Н) 6, Саса 6, Караорман 4 бодови…