Манчестер Сити стана шампион минатата сезона на „Амекс“, стадионот на Брајтон, а менаџерот Пеп Гвардиола на играчите на Брајтон им рекол дека нивниот тренер Роберто Де Зерби еден ден ќе биде тренер на „Граѓаните“. Одејќи кон соблекувалните, Гвардиола со посочил прстот кон Де Зерби и извикал: „Е тој ќе биде следниот менаџер на Манчестер Сити“, пишува „Телеграф“.
Минатата сезона Гвардиола неколку пати го посочи Де Зерби на прес конференциите пред мечевите во 2022/23. Тој за тренерот роден во Бреша кажа дека е еден од највлијателните тренери во последните 20 години.
Брајтон моментално е шести на табелата, само два поени помалку од минатогодишниот шампион по осум кола. Сити и Брајтон ќе се соочат денеска од 16:00 часот.
Дома Меѓународен фудбал Англија Гвардиола го посочи тренерот кој достојно би го заменил во Манчестер Сити