Горан Симов не е повеќе тренер на Македонија ЃП

632

 

Втора тренерска смена во најсилната македонска лига. По оставката на Милан Илиевски од Работнички, и Македонија ЃП останува без тренер затоа што се разделила со Горан Симов по денешниот пораз од Струга со 0:3.

Тој дојде во март 2023 година на местото на Муарем Бајрами и успеа да го освои Купот на Македонија. Но лошите резултати во новата сезона се причина за предвремен раскин на соработката и покрај тоа што тој имаше договор до крајот на оваа сезона.

ПретходноМаката го натера Стоилов да се врати во составот на Вардар
СледноЛудо – Ајакс падна на претпоследното место на табела по четвртиот пораз по ред