Лука Модриќ и Серхио Рамос се пример за едно големо пријателство создадено за време на деновите минати во Реал Мадрид. Хрватот и Шпанецот ја делеа соблекувалната во „кралскиот“ дрес речиси десет години, се нарекуваат брат и меѓу нив постои нераскинливо пријателство.
Така беше и синоќа на натпреварот помеѓу Севиља и Реал Мадрид, а Шпанците откриваат детали за тоа што се случило по мечот.
Разбириливо пред дуелот немале многу време за да се видат, но својата средба ја оствариле по завршување на истиот.
Токму Рамос влегол во соблекувалната на Реал Мадрид каде се задржал околу 45 минути. Средбата била доста емотивна за него, но и за некои фудбалери на тимот, меѓу кои и Модриќ.
Рамос и Модриќ заедно со своите семејства си одвоиле момент за себе, а интересно е што последни го напуштиле стадионот.
🤍 Sergio Ramos spent more than 45 minutes inside the Real Madrid dressing room after the game. Ramos with his family and Luka Modrić were the last to leave the stadium. @el_pais pic.twitter.com/vSO7kAsNbe
— Madrid Xtra (@MadridXtra) October 21, 2023
За потсетување, натпреварот Севиља – Реал заврши со резултат 1:1, кој пак ги врати чекор назад избраниците на Карло Анчелоти во борбата за шампионската титула, без разлика што има уште многу да се игра до крај.