Работнички му врачува отказ на Милан Илиевски!

1731

Нема веќе што и како, и зошто. Едноставно по ужасните настапи на Работнички во изминатите 11.кола, само 4 победи, едно реми и 6 порази, со само 13 освоени бода, посебно по ужасниот настап во денешното дерби и пораз од Вардар, Милан Илиевски ќе добие отказ од Работнички.

Нема веќе никакви оправдувања. Со оние играчи кои што ги има располагање,Илиевски требаше да се бори за врвот на табела, требаше денеска без никаков проблем да го победи Вардар. Но, ете, неговите тактички замисли го „утепаа“ тимот во првото полувреме, а во второто кога нападна прими и гол.

Едноставно Работнички мора и треба да го реши своето тренерско прашање.

Илиевски не е капацитет за да води еден Работнички и точка.

Потребно и позвучно и поквалитетно име и тоа веднаш.

ПретходноКостиќ подобар од Лепидовски во мак-дербито во Србија
СледноСинијакова ја доби чешката пресметка во финалето во Нанчанг