Синијакова ја доби чешката пресметка во финалето во Нанчанг

76

Чешката тенисерка Катерина Синијакова е победничка на ВТА турнирот во кинескиот град Нанчанг.

Таа во првото чешко финале во последните две години по голема борба и три часа и 33 минути игра ја победи третата носителка Марија Бузкова со 1:6, 7:6 (5), 7:6 (4).

Бузкова во вториот сет имаше сет поен при 5:3, но не успеа да го искористи.

Синијакова се извлече спектакуларно, го освои вториот тај брејк и така стигна до титулата. Ова е нејзина втора титула годинава, бидејќи славеше и на турнирот во Бад Хомбург.

ПретходноРаботнички му врачува отказ на Милан Илиевски!
СледноНеверојатен гол од 57 метри на фудбалер на Мец (видео)