Сити нема да му понуди нов договор на Де Брујн

781

 

Кевин Де Брујн ќе го нема во составот на Манчестер Сити до крајот на годината, а клубот од „Етихад“ веќе размислува да доведе замена. Се зборуваше дека „граѓаните“ ќе му понудат нов договор, меѓутоа тоа нема да се случи, пред се поради честите повреди на Белгиецот.

Актуелниот договор на Де Брујн со Сити истекува во 2025 година, а „Фудбал инсајдер“ пишува дека поради проблемите со неговите повреди соработката нема да биде продолжена. Де Брујн е најплатениот фудбалер на „Етихад“.

И покрај тоа што има 31 година, белгискиот фудбалер се уште игра главна улога во средниот ред на Сити. „Граѓаните“ мора да побараат негова достојна замена, а наводно тоа ќе биде Џамал Мусиала од Баерн Минхен.

 

ПретходноВучиќ е (пре)голем оптимист: Нашите кошаркари можат да се борат со САД за златото на ОИ во Париз!
СледноЗНМ: Срамна постапка на навивачите на Е. Пелистер кон новинарите и неприфатливо отсуство на реакција од страна на клубот