Ал Итифак се откажа од Лингард, но се сврте кон друг англиски репрезентативец

197

 

Ал Итифак од Саудиска Арабија нема да го ангажира напаѓачот Џеси Лингард. Причината е преголемите финансиски побарувања на англискиот фудбалер кои се неприфатливи за клубот од Саудиска Арабија, пренесуваат англиските медиуми.

Меѓутоа клубот од Дамам чиј тренер е Стивен Џерард посакал друг англиски репрезентативец. Тоа е напаѓачот на Евертон, Домик Калверт-Луин. Оваа сезона младиот фудбалер одигра седум меча и постигна три гола.

Ал Итифак е седми на табелата со 17 бода по девет кола.

ПретходноКаква драма: Пелистер победи ама Вардар останува прв!
СледноБол и Ингебригтсен се најдобри европски атлетичари за 2023 година