Астон Вила го „растури“ Вест Хем, Даглас Луиз со гол(ови) на шести домашен меч по ред

124

Екипата на Астон Вила впиша три нови бода во Премиер лигата откако вечерва на свој терен го совлада Вест Хем со 4:1. Првите два гола ги постигна Даглас Луиз во 30. и 52.минута со што стана првиот фудбалер на Астон Вила со голови на шест едноподруго натпревари на домашен терен.

Во 56 минута Џаред Боувен намали, а во 74. минута по брз контранапад Оли Воткинс зголеми на 3:1. Во 89 минута Леон Бејли, кој влезе во игра во финишот го постигна четвртиот гол за конечна победа на тимот од Бирмингем.

Астон Вила е на петтото место со 19 бода по девет одиграни натпревари. Вест Хем е на деветтата позиција со 14 бода.

ПретходноМилер со најмногу победи во историјата на Бундес лигата
СледноКаква драма: Пелистер победи ама Вардар останува прв!