Бол и Ингебригтсен се најдобри европски атлетичари за 2023 година

142

На церемонија одржана синоќа во Вилнус беа прогласени најдобриот атлетичар и најдобрата атлетичарка во Европа за 2023 година. Втора година по ред овие награди ги освоија холандската тркачка на 400 метри со пречки Фемке Бол и норвешкиот тркач на средни патеки Јакоб Ингебригтсен.

Откако освои две злата на Европското првенство во сала во Истанбул, Бол го освои златото и на 400 метри со пречки на Светското првенство на отворено во Будимпешта и го предводеше холандскиот женски тим во штафетата 4×400 метри до златото. Таа постави и нов светски рекорд на 400 метри во сала и европски рекорд на 400 метри со пречки на отворено.

Ингебригцен, пак, освои злато на 5.000 метри и сребро на 1.500 метри во Будимпешта, со што го повтори успехот од пред една година во Јуџин. Тој постави и нови европски рекорди на една милја и 3000 метри два дена по ред на крајот од Дијамантската лига. Одличниот Норвежанец постави и нов европски рекорд на 1.500 метри и светски рекорди во дисциплини кои ретко се трчаат, на 2.000 метри и две милји.

ПретходноАл Итифак се откажа од Лингард, но се сврте кон друг англиски репрезентативец
СледноВучиќ е (пре)голем оптимист: Нашите кошаркари можат да се борат со САД за златото на ОИ во Париз!