Еди Хау за Тонали: Стравувам дека за него најтешкото допрва доаѓа! (ВИДЕО)

291

Вчера во меч од Премиерлигата, Њукасл просто го растури Кристал Палас со 4:0. Тоа беше уште едно блескаво издание на “страчките“.

Сепак и тој триумф како да беше во сенка на се она што му е случува на Сандро Тонали, кој е во епицентарот на скандалот со обложување.

Тренерот на Њукасл, Еди Хау, имаше свој коментар за својот фудбалер кои и вчера настапи за “црно – белите“:

Стравувам дека за него најтешкото допрва доаѓа, без разлика што ќе се случи. Тој добива големо внимание, еве на натпреварот имаше голема поддршка од фановите, но тоа е тешко да се одржи на подолг рок. Кој знае што доаѓа во иднина во врска со него“.

Инаку познато е дека Тонали е во очекување на суспензија, која нема да биде така куса.

ПретходноНиколо Барела: Обложувалници? Предолго молчев, ќе се видиме на суд!
СледноТимот на Дени Илиев по голема драма успеа да освои нова титула! (ФОТО)