Емотивна средба на Рамос и Модриќ, Шпанците со детали!

3169

Лука Модриќ и Серхио Рамос се пример за едно големо пријателство создадено за време на деновите минати во Реал Мадрид. Хрватот и Шпанецот ја делеа соблекувалната во „кралскиот“ дрес речиси десет години, се нарекуваат брат и меѓу нив постои нераскинливо пријателство.

Така беше и синоќа на натпреварот помеѓу Севиља и Реал Мадрид, а Шпанците откриваат детали за тоа што се случило по мечот.

Разбириливо пред дуелот немале многу време за да се видат, но својата средба ја оствариле по завршување на истиот.

Токму Рамос влегол во соблекувалната на Реал Мадрид каде се задржал околу 45 минути. Средбата била доста емотивна за него, но и за некои фудбалери на тимот, меѓу кои и Модриќ.

Рамос и Модриќ заедно со своите семејства си одвоиле момент за себе, а интересно е што последни го напуштиле стадионот.

За потсетување, натпреварот Севиља – Реал заврши со резултат 1:1, кој пак ги врати чекор назад избраниците на Карло Анчелоти во борбата за шампионската титула, без разлика што има уште многу да се игра до крај.

ПретходноПМФЛ: Шампионот сака одмазда, Брегалница му гостува на Шкупи, Силекс го дочекува Тиквеш, деби на Емре Озбајер!
СледноПаника во Аргентина: Зарем е можно? Меси и другарите остануваат без титулата од Катар?!