Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе присуствува на популарното „Ел Класико“ против Барселона и покрај некои пишувања дека тој нема да биде на мечот поради аферата „Негреира“ и истрагата која се води против Барселона.
Перез ќе присуствува на натпреварот и покрај тензиите со Барселона.
Во исто време, како што е наведено, присуството на Перез во Барселона не значи дека односите меѓу Реал и Барса се нормализирани.
Барселона на 28 октомври ќе го пречека Реал Мадрид во рамките на 11. коло од Ла Лига.