Каква драма: Пелистер победи ама Вардар останува прв!

2198

Пелистер не ја искористи максимално инфериорноста на Вардар 1961, кој во Битола допатува во некомплетен и недоволно опоравен тим. Македонскиот првак не ја исполни целта, славеше со 29-25, недоволно за да биде прв, таму останува Вардар.

Домен Тајник со пет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените по четири постигнаа Родригез, Лазаревски и Срдановиќ.

„Црвено-црните“ не добија одложување, па токму затоа како бекап на клупата се најде Стојанче Стоилов, кој мораше да се жртвува за својот тим. Со оглед дека беа ослабени, а имаа четири промашени пенали, битолчани не беа совршени.

Актуелниот македонски првак моќно го отвори мечот, поведе со 7-1 по само шест минути игра и тука го реши името на победникот. Единствениот гол за гостите го постигна Николиќ, Вардар имаше шанса да намали, ама екс-членот Гедбан одбрани седмерец, а потоа врза уште две интервенции.

Иако се очекуваше дека ќе видиме барем малку порамноправна игра, сепак истоштеноста си го стори своето, можеше да се види дека ракометарите на Вардар 1961 се уште се незаздравени.

По серија промашувања на двете страни, Сердановиќ после седум минути го постигна вториот гол за својот тим (7-2). Со два негови погодоци, Вардар 1961 успеа да намали на 9-5 во 14 минута, беше и 11-7. Избраниците на Владо Недановски не искористија две шанси за да дојдат на минус три.

Следеше казна, Пелистер ја постави највисоката разлика, во 22 минута резултатот беше 15-7. По едно вакво сценарио во игра влезе и Стоилов. Не помогна многу, на одморот предноста за противникот беше 18-11.

Во вториот дел тешко одеше повторно за Вардар, Цехте во 38 минута зголеми на 22-13, на другата страна „црвено-црните“ притискаа, кога веќе губеа, сакаа тоа да биде под позитивата од пет гола која ја имаа на првата средба. Гедбан беше во форма, им правеше проблеми на гостите.

По одбраната на Томовски, Вардар намали на 27-21, па 29-23 на минута и пол до крајот. Тајник не искористи напад, на другата страна гостите Јагуриновски со првиот гол намали на 29-24, битолчани го трошеа времето, не знаеја да се снајдат, на другата страна Џукиќ украдената топка ја претвори во пораз од 29-25.

ПретходноАстон Вила го „растури“ Вест Хем, Даглас Луиз со гол(ови) на шести домашен меч по ред
СледноАл Итифак се откажа од Лингард, но се сврте кон друг англиски репрезентативец