Келн победник во дербито на Рајна

41

Екипата на Келн ја запиша првата победа сезонава во Бундес лигата. Во рамките на 8.коло славеше во дербито на Рајна совладувајќи го Борусија Менхенгладбах со 3:1 и со тоа ја прекина серијата од седум меча без победа односно четири порази по ред.

Келн отвори со голот на Кајнц во 9.минута, а изедначи Елведи во 64 минута. Пет минути подоцна гостите останаа со играч помалку, а Келн тоа го искористи. Прво преку Кајнц од пенал зголеми на 2:1, а во последните минути Валдшмит ја запечати победата од 3:1.

 

ПретходноСтруга ТЛ со шампионско издание во Ѓорче, Ибрими со гол бр.191….еве како изгледа табелата по 11.коло во ПМФЛ!
СледноМаката го натера Стоилов да се врати во составот на Вардар