Лудо – Ајакс падна на претпоследното место на табела по четвртиот пораз по ред

326

Холандскиот рекордер по титули,  Ајакс катастрофално ја игра оваа сезона во која реди порази и поради тоа се најде во опасната зон. Нешто што на трофејниот клуб од Амстердам не му се случило во историјата на холандската Ердевизија.

Ајакс викендов го впиша четвртиот пораз сезонава и  четврти по ред по 7. кола. Денеска Ајакс беше поразен на гостувањето кај Утрехт со 4:3 иако имаа предност од 1:3. Нивниот скор е катастрофален, претпоследно место на табелата со само пет бода (една победа, две ремија и четири порази) еден повеќе од последниот Волендам.

Како споредба лидерот ПСВ има 27 бода и максимален скор од 9 победи од 9 меча.

Севкупно гледано Ајакс нема победа на последните осум натпревари во сите натпреварувања (три ремија и пет порази) нивна најдолга серија од претставувањето на професионалниот фудбал во Холандија во 1954 година.

 

ПретходноГоран Симов не е повеќе тренер на Македонија ЃП
СледноЏирона блеска – славеше со 5:2 против Алмерија, три гола постигна за шест минути