Пелистер и Вардар 1961 за кратко ќе ја започнат својата втората пресметка во супер-лигата.
Најтрофејниот ракометен колектив на оваа средба доаѓа со проблемите, откако пола тим беше под инфузија поради вироза. До пред почетокот на мечот не се знаеше со каков состав ќе настапи Вардар, а сега веќе доаѓа изненадување. Наместо помошен тренер, Стојанче Стоилов, кој се пензионира, ќе биде на располагање на Владо Недановски. Маката на својот тим го натера да се врати.
Во тимот на Вардар кој ќе настапи со 14 ракометари, покрај Јапонецот Јашухира не е ниту српскиот бек Петриќ.
Првата пресметка меѓу вечните ривали заврши во корист на Вардар 1961 победи со пет гола разлика, останува да видиме како ќе заврши новата пресметка.