МЗТ Скопје му пресуди на Мираковски, кој ќе биде неговиот наследник во Работнички?

524

МЗТ Скопје на дело му покажа на вечниот ривал зошто доминира со години во домашниот шампионат, и тоа во сезона кога актуелниот првак нема силен состав, ниту пак е перфектен, но за Работнички е пресилен.

Сето ова беше доволно за да челниците на најтрофејниот кошаркарски колектив се разделат со Димитар Мираковски и да размислуваат за неговата замена.

Наследникот не е дефиниран. Во јавноста се шпекулираат неколку опции, едната е Јорданчо Давитков, чие име се споменува секогаш кога Работнички ќе остане без тренер. Шансите за да застане на чело на тимот се мали, барем засега така велат инсајдерските информации.

Како втора опција се споменува Горан Самарџиев. Младиот стратег во овој момент е слободен, откако за кратко време ја заврши својата авантура во Словачка како предводник на Комарно.

Трета опција секако е странско име, но не по секоја цена. Треба добро да се размисли на кого ќе му се довери овој тим.

Работнички пред стартот на сезоната се пофали дека конечно има буџет за да направи тим, но тоа засега не го видовме на дело. Запиша пораз од Чаир, а во ФИБА Еврокупот беше топовско месо за противниците.

Во таборот на „црвено-црните“ веќе се мобилизирани, останува да видиме на кого ќе падне одлуката.

ПретходноСоседско дерби бр.74: Работнички и Вардар во битка за Скопје!
СледноПМФЛ: Шампионот сака одмазда, Брегалница му гостува на Шкупи, Силекс го дочекува Тиквеш, деби на Емре Озбајер!