Милер со најмногу победи во историјата на Бундес лигата

112

 

Фудбалерот на Баерн, Томас Милер застана на чело на табелата на фудбалери по бројот на победи во најсилната германска лига – Бундес лигата. Баерн го совлада Мајнц со 3:1 во гости, па Милер ја запиша 323 победа во Бундес со што го помина својот соиграч Мануел Ноер кој има 322 победи.

Милер одигра 449 натпревари во најсилната германска лига, 127 меча повеќе од било кој друг фудбалер на Баерн од своето деби во август 2008 година.

Како споредба Ноер има 322 победи во 478 натпревари.

ПретходноПолувреме: Пелистер води со седум голови разлика против Вардар
СледноАстон Вила го „растури“ Вест Хем, Даглас Луиз со гол(ови) на шести домашен меч по ред