Николо Барела: Обложувалници? Предолго молчев, ќе се видиме на суд!

882

Фудбалска Италија и натаму ја тресе скандалот со обложување. Играчи, тренери, менаџери и др, се обложувале а некои и на своите клубови.

Деновиве стигна веста од Италија дека ѕвездата на Интер и репрезентацијата на Италија, Николо Барела исто така е дел од овој скандал.

Тој на ова имаше свој коментар:

Очекував поголема сериозност од весникот кој ова прво го објави. Вие сте кловнови,. Предолго молчев без разлика што веќе неколку денови се пишува и коментира за мене. Никогаш не сум бил љубител на обложување ниту пак на коцкање. Единствено што сега се грижам се моите ќерки и семејството, морам да ги заштитам од овие `срања`. Поради се ова ќе се видиме на суд“.

ПретходноПотег на годината: Му се “протна“ низ нозе и постигна кош! (ВИДЕО)
СледноЕди Хау за Тонали: Стравувам дека за него најтешкото допрва доаѓа! (ВИДЕО)