Пред неколку дена, пристигна информација дека Папу Гомез, искусниот играч за врска на селекцијата на Аргентина, поради допинг е казнет со две години надвор од фудбалот. Тој играл на Мундијалот во Катар, каде Аргентина стана светски првак, под дејство на недозволиви супстанци.
Токму затоа сега владее паника во цела Аргентина. Па зарем е можно титулата која Лео Меси и другарите ја освоија во Катар а потоа во својата земја ја прославија на најспектакуларен начин, да им биде одземена.
Како што велат правилата на ФИФА, во случај двајца фудбалери во тимот ако биде под дејство на допинг тогаш резултатот од таа средба се поништува.
Сепак медиумите во таа земја ја смируваат ситуацијата и известуваат дека само Папу Гомез бил допингуван и ниту еден друг фудбалер.