Завршија првите полувремиња на шесте мечеви од 11.коло во ПМФЛ. Иако се очекуваше многу борба и интересен фудбал на 74.соседско дерби меѓу Работнички и Вардар, сепак ужасно здодевно е. По некоја закана од обете страни и тоа е тоа. Можеме да го оправдаме Вардар, но не и Работнички кој и тоа како има добар тим, но што ли прави стручниот штаб е сосема друго прашање.
Струга ТЛ со головите на Згуро и Мазрекај има водство од 0:2 среде Ѓорче. Одличен настап на шампионот.
Шкупи води со голот на Илиески против Брегалница во Куманово, а потоа во 32.минута гостите преку Велкоски не искористија пенал, поточно Илјази одбрани.
Нема голови на средбите Гостивар – Воска, Шкендија – Брера и Силекс и Тиквеш.