И тоа го има на Балканот, поточно во БиХ. Вакво нешто не се гледа секој ден. Кошаркарското првенство во БиХ е далеку од атрактивно, но поради еден потег сега цел кошаркарски свет говори за тој шампионат.
И тоа поради извесен Анес Подојак, кој на мечот меѓу Орловик и Босна, кој направи несекојдневен потег во еден момент од мечот. Домашниот кошаркар прво му се протна низ нозе на еден гостински играч и потоа постигна кош.