Рома едвај победи, Мурињо исклучен поради непримерни гестикулации (ВИДЕО)

296

Фудбалерите на Рома со минимални 1.0 ја поразија Монца во првиот денешен меч од деветтото коло во Серија А. Гостите од Монца за малку ќе се избореа за бод и тоа со играч помалку во текот на целото второ полувреме откако Д’Амброзио беше исклучен во 41. минута .

Избраниците на Жозе Мурињо и понатаму се мачат оваа сезона, а бројните шанси за домашните во првиот дел не доведоа до погодок.

Следуваше тотална офанзива на „волчицата“ во вториот дел, која даде резултат дури на самиот крај. Во судиското продолжение Стефан Ел Шарави ја затресе мрежата на Монца и на тој начин му донесе многу важна победа на својот тим.

На крајот Жозе Мурињо доби црвен картон поради гестикулација кон својот колега Рафаел Паладино на кого му „покажуваше“ расплакано лице.

ПретходноКаков удар за Реал: Новиот “Бернабеу“ чини 900 милиони евра, ама на првиот дожд почнал да прокиснува!!! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Здодевно е на Маџари, шампионот има 0:2 во Ѓорче, Шкупи со водство, Брегалница не искористи пенал! (ВИДЕО)