Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Калвин Филипс ќе го напушти клубот уште во јануари поради тоа што е несреќен од својата позиција под раководство на Пеп Гвардиола, пренесува „Дејли стар“. Филипс сака поголема минутажа затоа што само така ќе го задржи местото и во англискиот национален тим.
Филипс оваа сезона одигра пет натпревари без ефект.
Тој дојде од Лидс за 50 милиони евра во јули 2022 година.
Неколку германски екипи, меѓу кои и Баерн е заинтересиран за него. Во јануари сигурно конкуренцијата ќе биде поголема.