Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, повторно блеска на голот на шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано. Денеска неговиот тим гостува кај Лас Палмас во меч од 10. коло во Ла Лига, а нашиот Димитревски е стартер на голот и успеа да ја сочува мрежата по првите 45 минути, иако домашните добија пенал.
Имено, во 34. минута Ел Хадади имаше голема шанса да ги донесе домашните во водство, но неговиот удар од белата точка, Столе успешно го одбрани и не дозволи Лас Палмас на полувреме да оди со предност.
🙌 Porteros que valen punto. La estirada espectacular de Dimitrievski para parar el penalti de Munir #LALIGA.
🟡 UD Las Palmas 0-0 Rayo Vallecano ⚪️🔴 | 44′pic.twitter.com/NqDIsqfTCy
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) October 22, 2023