Струга ТЛ со шампионско издание во Ѓорче, Ибрими со гол бр.191….еве како изгледа табелата по 11.коло во ПМФЛ!

576

И тоа како слатка одмазда на шампионот кој денеска во Ѓорче им се одмазди на “лавовите“ за последното финале во Купот. Струга ТЛ победи со 0:3, одигра шампионски и покажа кој е кој во ПМФЛ.

Згуро, Мазрекај и Ибраими беа стрелците, инаку ова на Бесарт му беше 191 гол во неговата кариера. Рекордерот е се поблиску до фамозната двестотка.

Со оваа победа, а со ремито на Шкендија дома со Брера Струмица, сега Струга ТЛ фактички е израмнета со лидерот, ако се знае дела четата на стратегот Шпетим Дуро има заостанат меч со Вардар, на кој не би требало да има проблеми да го добие.

Па Струга ТЛ секако дека не е оној Работнички.

Кога сме кај табелата да ја погледнеме како таа изгледа по денешното 11.коло.

ТАБЕЛА

Шкендија 24, Шкупи 22, Струга ТЛ (-1) 21, Силекс 19, Брера Струмица 15, Тиквеш 14, Работнички 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 11, Воска 11, Гостивар 11, Вардар 8 бодови…

ПретходноНеверојатен гол од 57 метри на фудбалер на Мец (видео)
СледноКелн победник во дербито на Рајна