Вчера Хелсинки, убедливо најдобриот тим во Финска по 32 пат стана шампион на својата земја. Станува збор за убедливо најдобриот клуб во таа земја. Оваа титула е четврта во серија.
Инаку член на старо – новиот шампион на Финска, тимот на Хелсинки е и нашиот репрезентативен голман Дени Илиев, кој веќе два месеци е во аут поради тешката повреда. Сепак тој има удел во титулата ако се знае дека беше во тимот на 8 натпревари.
Инаку Хелсинки на многу драматичен начин дојде до новиот пехар. Во последното коло требаше да игра дома со тимот на КуПс. И се освен пораз од четири гола и повеќе, значеше дека Хелсинки ја има титулата во своите витрини.
И што се случи?
Тимот на КуПс во 67.минута водеше со 1:2, му недостигаа уште два гола да дојде до сензација. До крајот на мечот имаше барем 4-5 шанси, од нив дури три зицери, но гол немаше па немаше на нивна огромна жалост.
Па така на крајот Хелсинки се радуваше, иако го загуби овој меч, а можеше да остане и без титулата, во прашање беа само два гола.