Шкендија ја дочекува Брера, тим кој два месеци сонува да оствари победа во ПМФЛ!

114

И дефинитивно во изминатите два месеци исчезна “италијанската магија“ на Брера Струмица. Овој тим верувале или не, по тие стартни четири од четири, од 24 август нема победа. Шест средби, четири порази и две ремија. Од можни 18 бода освоени се само два. И не само резултатите што се катастрофа, туку и играта на тимот на стратегот Џовани Валенти ни од далеку не таа што ја красеше оваа млада екипа во првите четири кола.

И сега таквата Брера Струмица и гостува на една Шкендија, на актуелниот лидер на табелата. Повеќе од јасно е дека четата на стратегот Ардијан Нухиу и тоа како ќе оди на нова победа, Шкендија има намера да ја освои титулата оваа сезона, и затоа ваквите мечеви, против “грогирани“ ривали како Брера, треба да се победат по секоја цена.

Напаѓачот на тетовци, Алмир Аганспахиќ пред денешниот дуел истакнува:

Многу важен меч за нас. Добро работевме во изминатите две недели, добро е анализиран денешниот ривал. Се надевам на нова победа и нови три бода. Тешко е да се ветува дека и денеска ќе дадам гол. Јас би бил најрадосен ако тоа се случи, но поважно е Шкендија да победува“.

Можно е да е слика од 1 лице, играње фудбал и текст кој вели „STRUMICA MOZZART STRUMICA playaz BRERA BRERA STRUMICA M MOZZART plo STRUMICA vaz BRERA M MOZ STRUMICA BRERA MOZZART STRUMICA pla BRER“

Од друга страна стратегот на струмичани Валенти има свој коментар:

Пред нас е тежок меч. Имаат силен тим, имаат и квалитетни поединци. Ние во оваа пауза бевме без деветтмина играчи, поради обврските во нашционалните тимови. Останатите тренираа вредно и напорно. Овој меч ќе биде голем предизвик за сите нас во таборот на Брера Струмица“ посочи Валенти.

ПретходноОфицијално: Јанис Сферопулос е новиот тренер на КК Црвена Звезда!
СледноНа Пелистер му „гори“, Вардар 1961 „ранет“ доаѓа во Битола