Екипата на Џирона продолжува да воодушевува во шпанската Ла Лига. Денеска одигра неверојатен меч со Алмерија која ја победи со 5:2 иако по воведните 24 минути губеше со 0:2. Баптистао постигна два гола за Алмерија, но потоа Џирона во период од шест минути, поточно од 37 до 43 минута направи пресврт со головите на Мартин и два на Довбјук.
Во вториот дел Савио и Стуани ги поставија конечните 5:2.
Џирона има скор од осум победи, едно реми и еден пораз. Тоа ги стави на второто место на табелата што претставува неверојатен старт на сезоната за малиот каталонски клуб.