Голден Арт убедлив против Мулти Есенс

74

Голден Арт дојде до третата победа оваа сезона, откако славеше против дебитантот Мулти Есенс со 30-21 .

Домаќинот успеа да ја искористи својата предност во однос на младоста на другата страна, по кратка неизвеснот, полека го уриваше отпорот на противнот, со серијата три гола прво дојде на 12-8, а потоа на одморот зголеми на 15-10.

Во продолжение Мулти Есенс не успеа да најде начин да се врати во оваа средба, го прифати ритамот на Голден Арт, за нов пораз оваа сезона.

Шилегов, Јанковски и Милошевски постигнаа по пет гола кај победникот, во редовите на гостинскиот тим исто толку погодои имаа Илиески, Карасманакис и Јорданов.

ПретходноЏирона блеска – славеше со 5:2 против Алмерија, три гола постигна за шест минути
СледноНеверојатен гол од 57 метри на фудбалер на Мец (видео)