Екипата на Келн ја запиша првата победа сезонава во Бундес лигата. Во рамките на 8.коло славеше во дербито на Рајна совладувајќи го Борусија Менхенгладбах со 3:1 и со тоа ја прекина серијата од седум меча без победа односно четири порази по ред.
Келн отвори со голот на Кајнц во 9.минута, а изедначи Елведи во 64 минута. Пет минути подоцна гостите останаа со играч помалку, а Келн тоа го искористи. Прво преку Кајнц од пенал зголеми на 2:1, а во последните минути Валдшмит ја запечати победата од 3:1.