Македонското одбојкарско дерби во рамките на 3. коло од српската Прва лига им припадна на одбојкарите на Рибница во чии редови оваа сезона настапува нашиот Лука Костиќ. Рибница вчера славеше со 3:1 на гостувањето кај Таково Горњи Милановац, во чии редови оваа сезона е уште еден наш репрезентативец, младиот Филип Лепидовски.
Во втората сезонска победа за Рибница, Лука Костиќ имаше 14 поени и беше втор реализатор во својот тим, додека Лепидовски репализираше 4 поени за екипата на Таково.
По ова коло Рибница е на 4. место на табелата со 7 бода, додека Таково има една победа и 4 освоени бода кои го ставаат на 7. место на табелата.